14.02.2007 Струмичката полиција денеска поднесе кривична пријава против Р.Т. (53) референт во катастар и против М.П. (39), заменик јавен правобранител за подрачје Струмица за малверзации при денационализација. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, двајцата се товарат за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. М.П., во 2003 година, по поднесено барање за денационализација на имот во кој и тој се јавува како заинтересирана странка изготвил уверение во кое прикрил факти и дал неточни податоци за големината на површината на парцелите и за нивните идентификациони броеви, врз основа на што Комисијата за денационализација му овозможила да стане наследник на имотот. |
Второпријавената, во текот на 2005 година иако знаела дека имотот не може да се денационализира не постапила по поднесена жалба и не го поништила решението, овозможувајќи им на барателите да се стекнат со денационализираниот имот.
Извор : Макфакс |