15.02.2007 Двајца полицајци и една цариничка од граничниот премин Деве Баир завчера биле уапсени откако кај нив била пронајдена стока што ја примиле како поткуп, соопштуваат официјалните претставници на МВР. Оттаму информираат дека приведените подолг период биле следени и против нив била покрената истрага којашто требала да ги потврди соменежите дека тројцата примале поткуп од патници што ја поминувале македонско-бугарската граница. Инспектори од Внатрешна контрола на МВР завчера го запреле комбито со кое осомничените се враќале од своите работни места, и им бил извршен претрес. Кај двајцата полицајци била најдена штека цигари и три евра, додека кај цариничката биле откриени две штеки цигари, и две постелнини и 1.000 денари. |
Инаку, во 2006 година, секторот за внатрешна контрола поднеле кривични пријави против 77 вработени во МВР, за сторени 63 кривични дела. Најмногу од пријавените или вкупно 20 биле припадници на специјалната единица ЕБР. истите оние кои ја демолираа скопската дисктотека "Процес". Најмногу од кривично гонетите вработени на МВР биле дел од униформираниот состав на полицијата или 63, потоа 5 инспектори, 4 началници и по еден крим техничар, референт, архивар и секретар, велат последните статистики на МВР. Извор: Вечер |