18.07.2007 Извештајот на ТИ за прогресотза спроведување на конвенцијата ОЕЦД покажува дека половина од 34- те потписници на Конвенцијата за борба против корупцијата на странски државни службеници не ја спроведуваат Конвенцијата и не ги исполнуваат обврските. Зејмите- потписнички се вклучени во две тертини од светскиот извоз на стоки и услуги. Во исто време постои значајно засилување во 14 земји споредено со 12 и 8 во 2005 година.
„Посилни мерки мора да се применуваат со цел да се осигура согласност од владите коишто не покажуваат политичка волја за прогон на подмитувањето. Пасивноста на една земја ги потценува напорите на другите, конечно повредувајќи ја интернационалната конкуренција и бизнис“ рече претседателот на ТИ, Хјуџет Лабел.
Од осумте најголеми извезувачи, Франција, Германија, Италија, Холандија и Соединетите Американски Држави направија значаен напредок во спроведувањето , но немаше значајни прогони во Канада, Јапонија и Велика Британија. |
„Дозволувајќи им на компаниите да конкурираат користејќи подмитување е краткорочно и уназадувачки. Големите земји- извезувачи треба да профитираат преку спроведување на сопствените обврски и да ги спречат компаниите во потценувањето на напорите за подобро управување и зајакнување на институциите во странство“- додаде Лабел.
Прекинувањето на истрагата за обвинувањата за подмитување од BAE Systems на AI Yamamah воениот проект во Саудиска Арабија од страна на Велика Британија, претставува голем чекор наназад за Конвенцијата. Велика Британија тврди дека националните безбедносни интереси ја надминуват забраната за страско подмитување, отворајќи отворена дупка која другите земји лесно ќе ја користат. Дополнително, Велика Британија треба да преземе брзи дејствија за пропишвање нов анти- корупциски закон којшто ќе го поправи постоечкиот застарен закон. Со новото раковотство во земјата , постои неодложна прилика да се поправи ситуацијата.
Клучниот проблем во земјите коишто не ја спроведуваат Конвенцијата е недостигот од политичка волја. Дополнителни пречки препознаени во извештајот ги вклучуваат националните законски системи кои во значајна мера не се во согласност со одредбите на Конвенцијата, како и недостаток од ресурси во смисла на спречување на истраги и прогонувања.
Строга усогласенот на програмите на компаниите недостига во многу земји кои се економски силни и се бази за мултинационални компании. Продолжувањето на строгите набљудувачки мерки од страна на ОЕСР, вклучително и посети на државите, е суштинско во остварувањето на одредена реална предност. Зголемена свесност дека подмитувањето е незаконско заедно со добро спроведените процедури и јасна заштита за вработените во јавниот и приватниот сектор ќе ја зголеми волјата за пријавување на случаи.
Извештајот на ТИ за прогресот за спроведување на конвенцијата на ОЕЦД е трет во годишната серија и ги разгледува спроведувањето во 34 оф 37 земји коишто ја ратификуваа Конвенцијата на ОЕЦД за борба против подмитувањето на странските државни службеници. Тоа е спроведено врз основа на информации обезбедени од националните експерти на ТИ во одделните земји. За прв пат извештајот вклучува преглед на истакнати случаи на корупција во кои се вклучени мултинационални нафтени и гасни компании, телекомуникациски и компании од одбранбениот сектор. Ефективно спроведување на Конвенцијата е од суштинско значење во бормара против интернационалната корупција преку таргетирање на снабдувачката страна на глобалната корупција.
|