31.08,2007 Невладината организација "Транспарентност – Нулта корупција", во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата го реализира проектот за Корпоративно управување. Тимот на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор, изготви листа на критериуми врз основа на кои ќе се врши евалуација на компаниите и ја утврдија следната постапка и рокови за избор на компанија со добро корпоративно управување: |
1. Право на учество во изборот имаат сите компании регистрирани во Р Македонија. Компаниите треба да достават одговор на секое од поставените прашања од критериумите за евалуација. (види Методологија и Прашалник во прилог и на web страна www.transparency.org.mk). Одговорите на прашалникот и документите да се достават најдоцна до 7 септември 2007 година на адреса на Транспарентност – Нулта корупција, НН Борче 58, 1000 Скопје, П. Фах 270. 2. Експертите ќе ги разгледуваат документите и ќе го извршат изборот на компаниите во периодот до 20 септември. Сертификати ќе им бидат доделени на компаниите кои ќе освојат 80% од предвидените бодови 3. Сертификатите на избраните компании ќе им бидат врачени на завршна конференција која ќе се одржи на 3 октомври 2007 година.
Ги повикуваме компании да се вклучат во оваа активност која е насочена кон зајакнување на стандардите во корпоративното работење но и кон засилување на севкупните мерки за нулта толеранција на корупцијата во Р Македонија.
Транспарентност – Нулта корупција |