14.04.2008 Transparency International го поздравува лансирањето на EITI (Extractive Industries Transparency Initiative) од страна на Светската Банка, експанзија на Иницијативата за Транспарентност во Индустриите за преработување, внатре во поопширна шема, да се обезбеди да природните извори произведуваат долготраен развојни добивки за нациите кои се сиромашни со извори.
“ Изворите за преработување мора да обезбедат вистински добивки за луѓето од земјите каде што овие минерали се лоцирани“ истакна Huguette Labelle, Претседател на Бордот на Директори на Transparency International на пречекувањето на EITI иницијативата објавена од Претседателот на Светската Банка Robert B. Zoellick.
Претседателот на TI беше поканет да учествува со Zoellick во објавувањето на EITI++ проектот дизајниран да ја развие националната способност за справување со моменталните порасти на берзанските цени, и канал за пораст на заработувачката во борбата против сиромаштијата. Овој проект е поттикнат од Иницијативата за Транспарентност во Индустриите за преработување ( EITI), на кои Transparency International е ко-основач. Transparency International e глобална антикорупциска организација со национални поглавја во повеќе од 90 земји.
Huguette Labelle истакна дека, “Иницијативата за Транспарентност во Индустриите за преработување“, со нејзиното лансирање во Африка, “може да игра голема улога во борбата против корупцијата“. Нејзината имплементација ќе помогне да се постават минимум стандарди за минералните извори, и сите активности кои се поврзани со менаџирање на вакво богатство.
Претседателот на Transparency International истакна на состанокот свикан од Светската Банка дека, “ Ја поздравуваме оваа иницијатива бидејќи е поврзана директно со транспарентноста низ вредносниот синџир на акции во нафтениот и рударскиот сектор каде во минатото сме биле сведоци на опширна корупција, насилство, смрт, уништување и дестабилизација. EITI кампањата од страна на Светската Банка, може да понуди можност да пространото минерално богатство од Африка да може да им биде од корист на луѓето од Африка – почнувајќи со отворени и фер договори помеѓу владите и компаниите, преку правично исплатување на приходи за поддршка на одржливи цели против сиромаштијата.
Labelle ја охрабри Светската Банка , Африканската Банка за развој и другите донори врзани во овој нов проект “ Да ја обезбедат вклученоста на граѓанското општество во секоја фаза од развојните програми на изворите за преработување кој што се поставени да се мрдне напред, и да се обезбеди целосна транспарентност и одговорност во секоја етапа.