7.04.2008 Transparency International (TI) – глобалната антикорупциска коалиција и Enablon, водечкиот провајдер за корпоративно одговорен менаџмент софтвер, денес го презентираа Анти Подмитувачкиот Систем на Enablon (Anti-Bribery System – ABS), веб-базиран, анти-мито, самооценувачки алат за компаниите кој што сакаат да го спречат митото во нивната работа.
TI ги соедини силите со Enablon за да го создадат Enablon ABS, интерактивна програма со намера за внатрешна употреба од компаниите за оценување на моќта, комплетноста и ефективноста на полисите и процедурите за анти-подмитување на самите компании и поддржување за нивно подобрување. Програмата е базирана на добар и практичен почеток во TI Бизнис Принципите за спротивставување на подмитувањето и рамка за самопроценка на корупцијата развиена од Transparency International (Алатот за самопроценка на TI).
“Митото е ризик кој што компаниите не смеат да си дозволат да го игнорираат“, изјави Jermyn Brooks, Директор на програмите за приватниот сектор во TI. “Има битни докази дека многу компании не успеваат адекватно да го спроведат нивните анти-мито полиси. Enablon ABS е витална алатка за компаниите кои сакаат да пристапат до адекватноста на нивниот анти-мито системот и обезбедување на силна основа за континуирано подобрување. Ние сме воодушевени дека софтверот помага да се создаде големо решение“.
Компаниите кои го поставија анти-мито програмот можат да управуваат со ризиците поефективно и да се подобри нивниот работен квалитет. Првиот чекор е да се преведат вредностите и полисите кои што го поткрепуваат анти-мито програмот во работни цели и мерливи индикатори. Ова ќе им дозволи на компаниите да ги вметнат нивните анти-мито програми во суштински операции, да се споделат најдобрите искуства, и да се следи напредокот до реалните резултати за броење на митото.
“ Enablon ABS е одлична алатка која што ќе им помогне на Службениците за Етика и Согласност ефективно да ја изградат и да ја подобрат нивната глобална анти-мито програма“ изјави Annette Stube , Директор, Глобален Бизнис и развој на етиката, Novo Nordisk.
Chris Tinder, Маркетинг Директор, Mott Macdonald, UK Менаџмент, инженеринг и развој, консултации“, исто така нуди битни “know–how“ и стручност за обука на вработени со анти-мито пракса“.
Презентирано денес на настанот одржан во врска со Самитот на Етичката Корпорација против Корупцијата во Чикаго, Соединетите Американски Држави Enablon ABS нуди дијагностички функции кој што ќе им овозможат на корисниците да го препознаат ризикот и областите за подобрување. Овозможува потенцијални решенија со пристап до експертско знаење и се стреми кон асистирање на компаниите во зајакнување на нивните анти-мито системи. Enablon ABS ќе биде достапен во Мај 2008 година.
Transparency International глобалната НВО посветена на борба против корупцијата разви комплет од јавни и достапни алатки за помагање на бизнисот за развивање на подетални и силни анти-мито програми. Овие алатки, кој што се базирани на Принципите за спротивставување на подмитувањето, вклучуваат и водич кон детално применување на анти-мито програмите.