03.10.2008 Transparency International го поздравува системот на Европската Унија за обелоденување на корисниците на нејзините фондови. Европската комисија неодамна промовираше неколку веб портали низ кој може да се добие информација за корисниците на одредени фондови од Европската Унија и истите да бидат проверени. TI ги повикува државите членки на ЕУ и Комисијата за понатаму да ги подобрат информациите обезбедени и објавени во системот за обелоденување.
Корисниците на фондовите на ЕУ директно управувани од Европската Комисија и некој од фондовите под “ деливиот менаџмент“, на пример фондот за рурален развој на ЕУ и регионалните и кохезивни фондови, можат сега да бидат достапни за јавноста низ веб порталите. Обелоденувањето на корисниците на фондовите на ЕУ беше повикуван од страна на TI неколку години по ред и е главниот столб на Европската Транспарентна Иницијатива ( ETI), која што настојува да ги направи институциите на ЕУ се повеќе отворени и достапни за јавноста.
“Ние сме задоволни што граѓаните на ЕУ можат сега да видат каде се трошат нивните придонеси и кој – барем некој од нив – се корисниците на фондовите на Европската Унија“, изјави Miklos Marschall, регионалниот директор за Европа и Централна Азија на Transparency International. “Како и да е, разочарувачки е тоа дека информацијата добиена од регионалните и кохезивните фондови на ЕУ е некомплетирана“. Неколку земји имаат лимитиран или никаков пристап до корисниците. Во продолжение, споредувањето на податоци многу често е отежнато предизвикано од слабите правила за објавување одредени од Регулаторната комисија ( 1828/2006).
Transparency International досега ја критикуваше неразбирливоста на овие фондови како корупциски ризик и бариера за одговорност, коментирајќи дека репутацијата и финансиските ризици претставени од страна на нејасните системи за плаќање и известување кој ги надминува административните трошоци задолжени за систематско обелоденување на корисниците на фондовите на ЕУ. Обелоденувањето на фондовите на ЕУ овозможува јавно учество во значајна дебата за тоа како парите од даноците се потрошени, кое што е есенцијално за функционирањето на демократијата.
“Новата иницијатива ветува, но стандардизиран формат за земјите членки и за корисниците на фондовите во деливиот менаџмент е потребен, за да се обезбеди комплетност и споредливост на податоци“ истакна Jana Mittermaier Претседател на канцеларијата на TI во Брисел. “ Крајниот квалитет на системот за обелоденување може да биде подобрен во иднина ако во Управата на Европската Комисија одговорна за фондовите на ЕУ и земјите членки се применуваат правила и се делат најдобри вештини“.
Понатака, TI силно ја охрабрува Европската комисија да продолжи со работењето за реформи во ширење на менаџирањето со буџетот, подетално со фондовите на ЕУ кој што се под деливиот менаџмент. Специфично, треба да се обрне внимание на дебалансот на одговорностите помеѓу Комисијата и земјите членки.