11.12.2008 Невладината организација „Транспарентност-Нулта корупција“ (ТНК) стана акредитиран национален огранок за Република Македонија на глобалната Коалиција за борба против корупцијата Transparency International (TI) со седиште во Берлин, Германија.
„Транспарентност-Нулта корупција“ договорот за акредитација со Transparency International го потпиша на светскиот ден за борба против корупцијата, 9 декември.
Акредитацијата што ја доби ТНК е признание за нејзината успешна двегодишна работа преку бројни програми и активности во борбата против корупцијата, признание кое доаѓа од најрелевантното место, Транспарентност Интернешенл.
Ова признание, кое практично значи вмрежување во глобалната антикорупциска коалиција, ќе помогне многу за уште поангажиран настап на „Транспарентност -Нулта корупција“ во идните антикорупциски активности во Република Македонија.