26.02.2009 Владата генерално ги почитува човековите права на граѓаните, но се уште постојат проблеми во судските и полициските процедури и притворот, судството е неефикасно и поради политичките притисоци – се наведува во најновиот извештај во Стејт Департментот за состојбата со човековите права во Македонија изминатата година.
Известувачите на Стејт Департментот наведуваат дека владината критика кон некои т.н. непатриотски медиуми ја намалило слободата на печатот.
Тензиите помеѓу етничките Македонци и Албанци продолжуваат во областа на образованието, вработувањето и политичкото учество.
Наведени се инциденти од минатогодишните избори, како и четири случаи на неумерено користење сила од страна на полицајци за што се покренати истраги.
Затворите едвај ги задоволуваат стандардите, стои во извештајот.
Во извештајот за Грција, стои дека грчката влада „не признава постоење на словенски дијалект, наречен „македонски“ од страна на лицата кои го говорат во северозападниот дел од земјата.
Американската влада го наведува тврдењето на Македонците дека грчката влада спроведува политика чија цел е да ги обесхрабри да го користат сопствениот јазик.
Според Стејт департментот, Владата во Атина и Судовите го отфрлаат барањето на словенски групи да се идентификуваат како Македонци, со образложение дека околу 2,2 милиони етнички и лингвистички грчки граѓани исто така го користат терминот за нивно идентификување.
Во извештајот за Бугарија, под одделот „слобода на здружување“, се наведуваат проблемите со регистрирањето на партијата на Македонците ОМО Илинден Пирин.
Извор : ТВ А1