08.06.2009 На 15-06-2009 година Владата на Република Македонија и Министерството за правда во соработка со Transparency International (TI) и Транспарентност Нулта Корупција, ќе ја организира шестата годишна регионална средба на Европа и Централна Азија – Конференција за борба против корупција во врска со предизвиците за проширувањето на ЕУ и соседните земји, што ќе се одржи во Охрид, Република Македонија.
На јавното отворање на Конференцијата ќе се прикажат иновативни гледишта за некои од најголемите предизвици со кои се соочува процесот на проширување на Европската Унија и соседните земји, вклучувајќи предизвици како реформи за пристапување кон ЕУ и борба против корупција, корупција и економски развој, перење на пари и рај за даночни обврзници.
Конференцијата ќе собере на едно место истакнати учесници од над 45 земји, вклучувајќи и учесници од јавни и приватни сектори, експерти, активисти и претставници на граѓанското општество. На Конференцијата ќе се обратат:
- Никола Груевски, Претседател на Влада на Република Македонија;
- Михајло Маневски, министер за правда;
- Кобус де Швард, управен директор, Transparency International;
- Драго Кос, раководител на група на држави за борба против корупција (GRECO);
- Волфганг Хецер, советник за борба против корупција, Европска канцеларија за борба против измама (OLAF);
- Алан Русо, директор за стратегија и анализа, Европска банка за реконструкција и развој;
- Андреј Иларионов, виш соработник, Като институт.
Ве молиме Вашите барања за акредитација за Конференцијата да ги доставите во најкус рок на: mirjanailijeva@yahoo.com , milieva@mjustice.gov.mk .