03.09.2009 Седум дена владини преговори во Виена не успеаја да ги решат разликите околу формирање на механизам за проверка на Конвенцијата на ОН против корупција (UNCAC). Неуспех на разговорите во Виена е голема пречка и предизвикува сериозен сомнеж врз можноста за ефективен механизам за испитување на спроведувањето на анти-корупциските обврски на самитот на 137 земји, која ќе се одржи во ноември.
"Владините лидери мора да го решат моменталниот ќорсокак кој што ги исфрла напорите за имплементирање на меѓународни антикорупциски програми, вклучително и обиди за враќање на украдени имоти и правда за жртвите од корупцијата, вели Cobus de Swardt, извршен директор во Transparency International (TI).
Кредибилитетот на UNCAC ќе биде оштетен бидејќи механизмот за проверка е од суштинско значење да се промовира спроведувањето во земјите на барање од страна на Конвенцијата. Ова вклучува криминализација на широк спектар на дејствија, вклучувајќи поткуп, злоупотреба на јавни средства, перење пари и опструкција на правдата. Доколку соодветно законодавство е донесено и се следи, овие акти се криминализирани и основните градбени блокови за повеќе одговорни држави се поставени.
Држави потписнички признаваат дека механизам за проверка мора да се спроведе во земјите за да се направи UNCAC успешна. Голем дел од владите поддржува ат ефективен механизам за проверка, но малцинството го блокираше договорот за клучните карактеристики на процесот на проверка, вклучувајќи учество на граѓанското општество и транспарентноста преку објавување на извештаи по земји.
ТИ, во соработка со широката меѓународна коалиција на организациите на граѓанското општество, ќе го следат развојот на настаните и ќе презентираат конструктивни предлози во следните недели.