Ова денеска го посочи претседателот на невладината „Транспарентност – Нулта корупција“, Слаѓана Тасева, презентирајќи го најновиот глобален извештај посветен на корупцијата во приватниот сектор.
„Корупцијата во приватниот сектор во Макеоднија секако дека постои, но нема конкретни податоци колку е распространета. За тоа немаме голема помош од самите бизнисмени, кои секогаш повеќе сакаат да зборуваат за државната администрација, отколку да погледнат во сопствениот двор“, посочи Тасева.
„Најефикасниот начин да се справиме со коруптивното однесување во приватниот сектор е да се инсистира компаниите да го применуваат правилото на добро корпоративно работење“, истакна првиот човек на „Транспарентност – нулта корупција“.
Тасева укажа на потребата од измени во Кривичниот законик со цел да се инкриминираат случаи во кои ќе се докаже коруптивно однесување внатре во приватниот сектор.
Глобалниот извештај за корупцијата во приватниот сектор ги детектира најризичните аспекти, а индексот за земјите поединечно ќе биде објавен во ноември.
Извор: Макфакс