09.11.2009 (Доха: Граѓанското општество ги искажа своите барања на конференцијата на државите членки на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата (UNCAC) од која се бара одговорност, учество и транспарентност.
Почнувајќи од денеска, претставници на 141 земја кои се потпишаа, пристигнаа денес во Доха за да одлучат дали ќе се прифати механизмот за повторно оценување што ќе допринесе договорот да има заби.
Корупцијата ја нарушува демократијата, човековите права и одржливиот развој. UNCAC со членство во целиот свет и широки одредби за транспарентност и отчетност, го има потенцијалот да стане глобална антикорупциска мерка.
Меѓутоа договорот е силен како и неговото спроведување, и мора да се воспостави на национално ниво. Премногу често владите испраќаат само усна порака за своите заложби против корупцијата. Успехот на договорот во голема мера ќе зависи од донесување на механизам за повторно оценување, кој ќе гарантира дека владите ги исполнуваат своите обврски според договорот. Механизмот мора да содржи:
– Комплетно објавување на извештаи во земјата
– Значајно учество на организациите на граѓанското општество
– Посети за оценка на земјата
Постои широка поддршка за овие мерки, но неколку земји тоа го блокираат. Без робустен механизам за повторно оценување, ефикасноста на UNCAC ќе биде стрго компромитирана, со сериозни последици за животите на граѓаните од целиот свет и за кредибилитетот на владите кои се потпишаа за ова.
Владите имаат рок до петок да одлучат дали UNCAC ќе преживее како глобална антикорупциска мерка.