10.12.2009 По повод Светскиот ден за борба против корупцијата – 9 декември, "Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската Комора на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата, традиционално по трет пат се доделија сертификати на компании со добро корпоративно управување во 2009 година.
Сертификати за 2009 година на следниве компании: Комерцијална Банка, Охридска Банка, ЕВН Македонија, ПроКредит Банка, Инет и Ренова.
Комитетот за избор постапуваше по претходната методологија и критериуми.
Со оваа активност се зајакнуваат стандардите за корпоративно управување, воедно и за зацврстување на севкупните анти-корупциски мерки во Република Македонија.