Транспарентност – Нулта Корупција, при постапувањето по Претставки работи непристрасно и сеопфатно, имајќи увид во рамките на доставени документи и релевантните извори на право во Република Македонија.
Од Претставката и приложената документацијата што беше доставена, видливо е дека:
Причина за поднесената претставка, се наводите во Известување добиено од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), за кои најпрвин дознал од медиумите и кои според негово видување не се соодветни за ситуацијата во која се затекнал, со барање да му биде презентиран нашиот став во врска со истото.
Што се однесува до Известувањето на ДКСК доставено до господинот Ванчо Каргов, истото не содржи доволно податоци кои ја оправдуваат и прават разбирлива примената на во него посочените одредби од Закон за спречување на корупцијата (ЗСК) и Закон за спречување на судир на интереси (ЗССИ) за конкретниот случај, односно истото не е соодветно образложено и релевантно аргументирано.
Покрај тоа Известувањето остава впечаток на недоработеност, поради тоа што не е утврдено што тоа точно Комисијата работи и зошто тоа е неспоиво со функцијата која ја обавува господинот Каргов, односно каде се лоцира судирот на интереси. Неспоивост на функцијата не е нешто што се претпоставува туку мора да се доведе барем до степен на оправдан сомнеж, кој според наше мислење во документот од ДКСК изостанува како таков. Ова ја прави примената на споменатата одредба недозволена, и со тоа го исклучува оправданото вклучување на јавноста според одредбите на ЗСК, во дадениот момент.
Со тоа што информацијата за постапувањето во врска со предметот од кој призлегло Известието била објавена на веб станицата на ДКСК сторена е повреда на ЗССИ. Според релевантните одредби јавноста е исклучена се додека Комисијата не изрече некоја од мерките предвидени во член 25 од ЗСИИ,односно додека не заврши постапувањето по предметот. Истото во случајот не било почитувано.
Во продолжение ви го даваме нашиот став за оправдан сомнеж дека е доведен во прашање интегритетот на службеното лице односно господинот Ванчо Каргов, и токму поради ова нашата препорака е да ја реши состојбата и се во врска со член 5 став 1 и став 2 точка 4 од ЗССИ.
Имено Во широка смисла, постои можна повреда на одредбите од член 5 став 1 и став 2 точка 4 од ЗССИ бидејќи:
– Владата на Република Македонија во однос на службеното лице оправдано се смета за претпоставен.
– Кога е во прашање одреден надомест, тешко може да не се смета за награда за вршење на работи во функцијата. Доколку работите што се вршат се надвор од функцијата тогаш се неспоиви со неа и значат повреда на член 22 став 1 од ЗСК, доколку пак се во вршењето на функцијата, наградата со именување и стекнување со корист може да е повреда на наведениот член.
Подетален увид во спроведената постапка во целина можете да стекнете од приложениот Преглед, кој е достапен во документот во прилог.
alac_457-10_vk_pregled 141.69 Kb
Транспарентност – Нулта корупција
Проф. д-р Слаѓана Тасева
ПРЕТСЕДАТЕЛ