Асистент на проект “КРИНИС Западен Балкан –Осветлување на парите во политиката”
14.09.2010 Транспарентност – Нулта корупција (ТНК) е невладина организација која се бори против корупцијата и промовира интегритет, одговорност и транспарентност во јавниот живот. КРИНИС е регионален проект на Transparency International кој има за цел да прави мониторинг на корупцијата во финансирањето на политичките кампањи, како и да ја зацврсти јавната доверба во демократските институции во Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија. Проектот има за цел поголема транспарентност и институционални промени преку вклучување на сите клучни засегнати страни и преку евалуација на практиките кои се спроведуваат при политичките финансирања.
Транспарентност Нулта корупција има потреба од квалификуван кандидат кој ќе ја асистира во имплементацијата на овој значаен проект, кој што ги содржи истражувачките задачи.
Образование, искуство и вештина:
– Диплома или еквивалентно искуство во водењето на јавната политика, политички науки, меѓународна или економија во развој, јавна администрација, социологија или поврзани социо-научни области;
– Минимум три години работно искуство, по можност на полето на истражување или во полето на управување/владеење и антикорупциски испитувања;
– Одлично познавање на управувањето и антикорупциските алатки, инструменти и методи;
– Суштинско искуство со имплементирање на проекти и нивно координирање, идеално во полето на доброто владеење;
– Докажани аналитички и истражувачки вештини, посебно во изработка на истражувачки извештаи;
– Искуство со пишување и зборување на англиски јазик;
– Одлични вештини за воспоставување контакти, комуникација;
– Одлично познавање на МS Office.
Апликациите да се испрататат по пошта на адреса на ТНК , ПФ 270 или на e–mail job@transparency.org.mk , краен рок 20 септември 2010 година.