Во последните дванаесет месеци, ФИФА беше погодена од серија обвинувања за корупција кои досега доведоа до суспензија на три активни и двајца поранешни членови на Извршниот Комитет, како и на принудена оставка на уште еден активен член. Ова не е прв пат сомневања за корупција и злоупотреба да го загрозат угледот на светскиот фудбал. Скандали како овој му се закануваат на потенцијалот на овој спорт, кој носи позитивни промени во животот на луѓето во целиот свет и го поттикнува етичкиот развој кај младите. Во моментов се случува енергична дебата на владеењето во фудбалот и како моменталната криза може да се надмине.
Transparency International го изготви извештајот до ФИФА, со кој се нагласуваат следните чекори со кој што може да се отвори дискусија за добро владеење во спортот, повлекувајќи ги сите оние кои се вклучени во истиот. Препораките се дискутирани со ФИФА, а ние ја цениме отвореноста и подготвеноста на ФИФА да ни даде подетални информации.
Додека нашите препораки се препознатливи со години наназад во помошта на приватните компании за борба против корупцијата, ФИФА е посебен случај, кој како не-политички орган одговара за фудбалските федерации низ светот.
Транспаренси Интернешнл – Македонија ги достави овие препораки и до Фудбалската Федерација на Македонија и очекува средба со раководството на која ќе се дискутираат овие актуелни теми.