22.09.2011 Уставниот суд на 21.09 2011 година, по усвоена Иницијатива поднесена од здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, ги укина ставовите 3 и 4 од членот 2а и ставовите 4, 5 и 6 од ставот 2б од Упатството за распределба на средствата од Буџетот на РМ за годишно финансирање на политичките партии. Упатството е донесено од Министерот за финансии во 2005 година и двапати дополнувано во 2007 и во 2010 година.
Со ова се укинуваат делови од дополнувањето до кое дојде по последните локални избори во Република Македонија во 2010 година. Со Упатството се врши распределба на Буџетски средства наменети за финансирање на годишното работење на политичките партии во Републиката, а не на некои конкретни избори или предизборни активности.
Уставниот суд оценил дека наведените одредби од Упатството воспоставуваат поинакви критериуми за распределба на средствата од буџетот кон политичките партии, отколку што е тоа определено со Законот за финансирање на политичките партии. Уставниот суд истакна дека на овој начин Упатството излегло надвор од правилата на Законот за финансирање на политичките партии, истовремено излегло надвор од организацијата и работата на органите на државната управа со кој Закон се определени надлежностите на министерот и истовремено се навлегло во законодавната област од страна на орган на извршната власт.“
Ова поконкретно значи дека со наведеното Упатство Министерот го изменил Законот за финансирање на политичките партии.
Ова поконкретно значи дека со наведеното Упатство Министерот го изменил Законот за финансирање на политичките партии.
Една од забелешките на Транспаренси Интернешнл Македонија за примената на оваа законска одредба е и тоа што Министерството за финансии и не објавува и не дава податоци за висината на буџетските средства за оваа намена и за сумата што ја добива секоја од партиите.