17.02.2012 Институциите за прогон не се заинтересирани за разрешување на аферата со поткупот во Телекомот, изјави вчера Слаѓана Тасева, претседателката на „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ на тркалезната маса што се одржа во Скопје. Оваа невладина организација пред неколку недели понуди анализа на скандалот и откри дека токму грчкиот милијардер Димитрис Контоминас бил посредник во поткупот на македонските политичари од редовите на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.
-Очекувавме дека тоа што го понудивме ќе биде разработен и ќе послужи за анализа на се што се случувало од 2000 година па наваму, од приватизацијата на еден монопол, кој по трансформацијата продолжи да биде монопол. Тоа значи дека некој водел грижа за се освен за интересите на граѓаните. Институциите не се притиснати од никого да ги бараат виновниците во овој скандал и прашање е дали ќе се согласиме да остане вака? – изјави Тасева и нагласуваше дека е интересно што откако ги објавиле нивните сознанија, ниту една партија не се огласила да ги дискредитира, како што, обично, било случај.

Професорот Ѓорѓи Спасов, кој беше еден од учесниците во дискусијата, сметаше дека во овој случај, никој не е заинтересиран да се реши скандалот. – На опозицијата и одговара постојано да повторува дека власта не е способна да го реши овој случај, додека за власта е најдобро вината да не се индивидуализира, да не се најде конкретниот виновник од редовите на СДСМ и таа да зборува дека целата опозиција е криминална структура. Но, Македонија, доколку држи до себе како земја, треба да ја затвори оваа афера бидејќи вие ако пребарувате на Гугл на англиски има дури 880.000 текстови во кои сме споменати во негативен контекст. На крајот на краиштата, зошто никој од Македонија не побара од Американците да ни дадат докази за тоа што ги обвинија македонските политичари? – прашува Спасов.
Повод за тркалезната маса на „Транспаренси“е нивната анализа за тоа како медиумите придонеле во истражувањето на оваа тема.
„По 40 дена новинарски труд и напор, во медиумите не е објавено ниту едно конкретно име на носител на јавна функција или претставник на политичка партија во Македонија, кое ќе биде, барем, сериозно индицирано, осомничено, како учесник во коруптивна зделка во аферата „Телеком“, се вели во извештајот на организацијата.
Податоците на „Транспаренси“ покажуваат дека на оваа тема биле објавени 140 новинарски текстови, од кои само во 23 имало истражувачки детали. Дури 76 отсто од новинарските трудови на темата биле само обични вести и извештаи, додека само до девет отсто од нив имало истражувачки моменти. Според анализата, истражувачки пристап имале само дневен и неделен „Фокус“ и „Утрински Весник“.

Извор: Дневен Весник „Фокус“