28.09.2012 Transparency International Macedonia (ТИ – Македонија ) на 29 септември 2012 г. (сабота) со почеток во 12:30 часот во просториите на организацијата (Ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, спроти Светска Банка) ќе одржи прес конференција на која ќе се презентираат резултатите од работењето на веб платформата и апликацијата за пријавување на корупција. Анализата содржи информации за тоа колку случаи биле пријавени и на што граѓаните најмногу се жалат.