22.02.2013 Само грчкиот посредник во аферата “Телеком” наводно ги задржал оригиналните тајните документи потпишани од македонските владини функционери во 2005 година, стои во одлуката на судијата Ричард Саливан од Јужниот окружен суд во Њујорк, која датира од 08 февруари годинава. Со одлуката судијата Саливан го одбил барањето на обивентите челници на “Маѓар” и на “Дојче Телеком”, Елек Штрауб, Томаш Морваи и Анраш Балог, судот во Њујорк да се прогласи за ненадлежен во процесот во кој Американската комисија за хартија од вредност го води против нив.
“Транспаренси Интернешнл-Македонија” во неколку наврати, објави дека грчкиот посредник е всушност бизнисменот Димитрис Контаминас кој гради хотел веднаш на скопскиот плоштад како дел од проектот Скопје 2014. Невладината во средата му ги испрати на јавниот обвинител Марко Зврлевски тајниот документ “Протокол за соработка” на кој стојат имињата на македонските владини функционери но таа верзија е непотпишана и може да се најде на интернет заедно со последната одлука на њујоршкиот суд.
Според тужбата на Американците, на почетокот на 2005 година македонскито парламент подготвувал закон за либерализација на телекомуникациите, кој бил неповолен за интересите на “Маѓар Телеком”во Македонија. Понатаму во тужбата стои дека за да се ублажат ефектите од новиот закон, обивнетите челлници на компанијата стартувале коруптивна шема, која била запишана во таен документ кој останал во компјутерите на “Маѓар Телеком”. Протоколот предвидувал дека функционерите ќе ги ублажат штетните ефекти во новиот закон, а за возврат македонската влада ќе добие дивиденда од 95 милиони евра и тие ќе бидат поткупени.
Наводно Анраш Балог и висок владин функционер го потпишале документот на 27 мај 2005 година додека три дена подоцна во протоколот се вклучил и функционер од помала партија од тогашната владеачка гарнитура. Помалиот владин партнер бил вклучен поради страв дека ќе го минира договорот.
Во тексто на одлуката, судијата се повикува на жалбата на тројцата обвинети во која пушувало дека ниту “Маѓар” ниту “Дојче Телеком” не задржале потпишани копии од протоколот, а македонските владини функционери не успеале да ги заведат како официјални документи.
“Транспаренси Интернешнл-Македонија” викендов побара јавниот обивнител да покрене постапка токму против Контаминас, а Зврловски за Фокус уште еднаш изјави дека обвинителството не наѓло докази дека има поткуп во овој случај.
Извор : Фокус