14.11.2013 Зружението Транспаренси Интернешнл – Македонија на 11.01.2013 година се обрати до Собранието на Република Македонија со Барање за пристап до информации од јавен карактер во однос на следните информации:
1. Дали условите зададени во Законот за спречување на корупцијата ги исполнува членот на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата госпоѓа Љубинка Корабовска;
2. Кои докази се приложени како потврда за исполентост на законските предвидените услови за госпоѓата Љубинка Корабовска да може да биде именувана за член на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата;
3. Бараме копија од приложените докази за исполентост на законските предвидените услови при именувањето на госпоѓа Љубинка Корабовска за член на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата.
Поради тоа што:
– Решението бр.36-291/8 од 31.10.2013 година на Собранието на Република Македонија е нејасно во однос на тоа: во кој обем но делумно се одбива Барањето бр.36-291/1 (наш број 0301/1166 од 11.01.2013 година);
– Собранието на Република Македонија како Имател на информација од јавен карактер во целост не ја достави бараната информација по однос на точката 1 од Барањето;
– Собранието на Република Македонија како Имател на информација од јавен карактер достави делумен одговор по однос на точката 2 од Барањето односно недостасува информацијата во делот на тоа од која област е Дипломата за завршено високо образование поднесена како доказ согласно со член 48-а став 1 алинеа 2 од ЗСК; и
– Собранието на Република Македонија како Имател на информација од јавен карактер во целост не достави информација барана во точка 3 од Барањето;
Дотолку повеќе, бидејќи се работи за докази за избор на член на Државната Комисија за спречување на Корупција транспарентноста на постапката како јавен интерес не може со ништо да биде доведена под сомнеж.
До Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер поднесуваме Жалба на 12.11.2013 од причини што побараната информација со Барање од 11.01.2013 година е поврзана и произлегува од работата на Имателот на информации. Барателот на информации побара информација која се однесува на тоа дали условите зададени во Законот за спречување на корупцијата ги исполнува членот на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата госпоѓа Љубинка Корабовска и дополнителни информации во врска со тоа.
Имателот на бараната информација во повторно постапување донесе Решение со кое делумно се одбива Барањето врз основа на член 20 став 2 и согласно член 26 став 1 во врска со член 6 став 3 и член 6 став 1 точка 2 од Законот. Имателот на информацијата во диспозитивот на Решението не определува јасно и недвосмислено во кој обем и на што се однесува делумното одбивање.
Барањето содржи јасна порака за доставување на информација во описна форма, содржана во точката 1 од Барањето („Дали условите зададени во Законот за спречување на корупцијата ги исполнува членот на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата госпоѓа Љубинка Корабовска“).
Оваа информација не може да биде во било каква врска со било која претпоставка од член 6 на Законот, а камо ли да се подведе под алинеа 2 од став 1 на член 6 (личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци).
Барањето содржи јасна порака, за информација во описна форма, содржана во точката 2 од Барањето од која област е Дипломата за завршено високо образование поднесена како доказ. Оваа информација не е и не може да биде во било каква врска со било која претпоставка од член 6 на Законот.
Постапка за избор на член на Државната Комисија за Спречување на Корупцијата е јавна постапка спроведена од страна на Собранието на Република Македонија. Поднесувањето на Дипломата за завршено високо образование како доказ за исполнетост на услови е недвосмислено откажување од привилегиите согласно член 6 став 1 алинеја 2 бидејќи согласно закон се работи за доказ при јавен конкурс и избор за именување на јавна функција која се врши професионално.
Согласно со ставот на Комисијата изложен на страна 3 (првите пасуси) од Решението под бр. 07-27 од 12.07.2013 годна е информација од јавен карактер:„Во Одговорот до Барателот Собранието на Република Македонија не постапило во целост по однос на точите 1 и 2 од барањето и не ја доставило до барателот Дипломата за високо образование за госпоѓа Љубинка Корабовска иако тоа претставува информација од јавен карактер.“
Во однос на точката 3 од барањето Имателот на информација, спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не достави никаква информација.
Имателот на информации согласно со член 7 од Законот за Слободен пристап до информации од јавен карактер треба од документ кој содржи информации од член 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да ги издвои без да се загрози неговата безбедност (на пример постигнат просек во студии), и треба да го извести Барателот за преостанатиот дел од документот.