10.10.10 Транспаренси Интернешнaл – Македонија (ТИ-М) неодамна започна да го имплементира регионалниот проект "Зајакнување на Националниот систем на интегритет во земјите од Западен Балкан и Турција, и следење на развојот на анти-корупциските напори”. Проектот е финансиски поддржан од страна на Европската Комисија и ќе се спроведува во соработка со Транспаренси Интернешнал – Секретаријатот, во шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија) и Турција.
Националниот систем на интегритет (НСИ) на Транспаренси Интернешнал е алатката за проценка, на сите клучни актери во борбата против корупцијата и се однесува на нивниот интегритет, транспарентност и отчетност. НСИ проценката обезбедува детална евалуација на силните и слабите страни на овие институции во форма на сеопфатен извештај за земјата кој вклучува сет на квантитативни индикатори за секоја институција.
Државната Комисија за Спрешување корупција (ДКСК) одби да соработува со ТИ Македонија за да даде придонес во насока за квалитетно и сеопфатно истражување.
ТИ Македонија се надева дека во иднина ДКСК ќе може да посвети повеќе внимание и ресурси на анти-корупциските активностии кои се иницираат од невладиониот сектор.