11.09.2015 Транспаренси Интернешнл-Македонија Ве поканува да учествувате во фокус група на ден 17.09.2015 година во 16:00 часот во просториите на организацијата на ул. Наум Наумовски Борче бр.58 во Скопје.
Целта на фокус групата е да се издвојат ставови и мислења во врска со причината која ги мотивира граѓаните да пријавуваат или да не пријавуваат корупција, случаи на незаконито и недозволиво постапување или едноставно да се обратат за помош до институциите.
Вашето присуство можете да го закажете со јавување на следниот телефонски број(02) 3217-000 или по мејл на info@transparency.mk
Состанокот ќе биде од затворен карактер.