17.04.2018 Транспаренси Интернешнл – Македонија ја известува јавноста дека Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ја уважи нашата жалба по повод неодговореното Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер со кое ги побаравме сите записници од јавните седници на Советот на јавни обвинители на РМ одржани во 2017 и 2018 година. Барањето беше испратено на 08.02.2018 година. Откако Советот не одговори на нашето барање, на 28. 03. 2018 година поднесовме и жалба до Комисијата за пристап до информации од јавен карактер.
Барањето е поднесено во врска со јавно објавените информациите кои укажуваат на конфликт на интереси во работењето на Советот.
Комисијата за пристап до информации од јавен карактер ја уважи жалбата и му наложи на Советот на Јавните обвинители на РМ во рок од седум дена да ни ги направи достапни побараните информации. Оваа одлука е многу важна во насока на обезбедување на транспарентност на работата на Советот на јавните обвинители и поради тоа ја поздравуваме.