06.07.2018 Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за работно место Координатор на проект.
Кандидатот покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
– Универзитетско образование во општествени науки (завршени студии од втор циклус);
– Најмалку три години работно искуство во водењето проекти;
– Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
– Активно користење на MS Office;
– Способност за подготовка на извештаи, статистички прегледи, истражувања, анализи и документи за креирање на политики;
– Напредни организациски и комуникциски вештини;
– Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;
– Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.
Како предност ќе се смета искуство во подготовката на апликациии за изработка предлог на проекти, искуство во областите владеење на правото и правосудство и завршени постдипломски студии.
Кандидатите треба да поднесат доказ за сите компетенции наведени во огласот.
Огласот трае 15 денови од датумот на објавување.
Селектираните кандидати ќе бидат поканети на разговор
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивационо писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места.
Апликациите се доставуваат по пошта на адреса на Транспаренси Интернешнл –Македонија, ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270 или на e-mail job@transparency.mk