Анализата открива дека корупцијата е повеќе распространета во државите каде што парите влијаат на политичката моќ
Берлин, 23 јануари 2020 – Повеќе од две-третини од државите – заедно со повеќето од напредните светски економии – стагнираат или покажуваат знаци на уназадување во нивните анти-корупциски напори, според Индексот на перцепција на корупцијата за 2019 година (ИПК) објавен денес од Транспаренси Интернешнл.
Државите каде што изборите и финансирањето на политичките партии се подложни на влијанија на различни интереси се помалку способни да се борат против корупцијата, покажуваат резултатите од анализата.
„Фрустрациите поради корупција во владата и немање доверба во институциите зборува за потребата за поголем политички интегритет“, изјави Делиа Фереира Рубио, претседателка на Транспаренси Интернешнл. „Владите мора итно да се справат со улогата којашто коруптивната улога на парите во финансирањето на политичките партии и влијанието коешто го имаат во нашите политички системи.“
ИПК ПРЕГЛЕД
ИПК рангира 180 држави и територии според нивните перцепирани степени на корупција во државниот сектор, базирајќи се на 13 експертски проценки и анкети на бизнис експерти. Користи скала од 0 (висока корупција) до 100 (чисти од корупција).
Повеќе од две-третини од државите достигнуваат резултат под 50, со просечен резултат од само 43. Од 2012 година, само 22 држави значајно ги подобрија нивните резултати, вклучувајќи ја Естонија, Грција и Гујана. 21 држави значајно опаднаа, вклувајќи ја Австралија, Канада и Никарагва.
Истражувањето открива дека некои од најнапредните економии не можат да дозволат да бидат премногу уверени доколку сакаат да го задржат својот анти-корупциски интензитет. Четири Г-7 држави достигнаа резултати пониски од минатата година: Канада (-4), Франција (-3), Велика Британија (-3), и САД (-2). Германија и Јапонија не покажаа напредок, додека Италија доби еден поен
КОРУПЦИЈАТА И ПОЛИТИЧКИОТ ИНТЕГРИТЕТ
Анализата покажува дека државите коишто покажале добри ИПК резултати исто така имаат посилни регулативи во врска со финансирањето на кампањите и поширок опсег на политичка консултација.
Државите каде што финансиските регулативи за кампањите се сеопфатни и системски спроведени имаат просечен резултат од 70 на ИПК, додека државите каде што таквите регулативи или не постојат или не се спроведуваат добро имаат просечен резултат од само 34 и 35, соодветно.
60% од државите коишто значајно ги имаат подобрено нивните ИПК резултати од 2012 година исто така ги имаат зајакнато регулативите во однос на донациите за кампањите.
„Недостатокот на вистинскиот напредок против корупцијата во повеќето држави е разочарувачки и има негативни ефекти на граѓаните низ светот“, изјави Патриција Мореира, директорка на Транспаренси Интернешнл. „ За да може да се спречи корупцијата и да се подобрат животите на луѓето, ние мораме да се справиме со врската помеѓу политиката и парите. Сите граѓани мора да бидат вклучени во процесот на донесување на одлуки.“
Државите со пошироки и поотворени процеси на консултација достигнуваат просечен резултат од 61 според ИПК. Спротивно на тоа, таму каде што нема консултации, просечниот резултат е само 32.
Мнозинството на држави коишто значајно ги имаат намалено нивните ИПК резултати од 2012 година не ги вклучуваат најзначајните политички, општествени и бизнис актери во процесот на донесување на политички одлуки.
ПРЕПОРАКИ
За да се намали корупцијата и да се врати довербата во политиката, Транспаренси Интернешнл им препорачува на владите:
• Да воведат систем на спреги и проверки и поделба на моќта
• Да обезбедат буџетот и јавните услуги да не бидат поттикнати од лични врски или да не се базираат на одредени посебни интереси;
• Да го контролираат политичкото финансирање за да спречат преголемо влијание на парите во политиката;
• Да се справат со судирот на интереси и со нерегуларните постојани вработувања на различни позиции во јавниот и приватниот сектор;
• Да се регулираат активности во врска со лобирање преку отворен и значаен пристап до процесот на донесување на одлуки;
• Да се зајакне изборниот интегритет и да се спречи и казни ширењето на непроверени информации за време на кампањите;
• Да се охрабрат граѓаните и да се заштитат активстите, укажувачите и новинарите;
За целосната листа на препораките посетете го следниот линк: www.transparency.org/cpi2019
ЗАВРШНИ ЗАБЕЛЕШКИ
Индексот на перцепција на корупцијата за 2019 година на Транспаренси Интернешнл вклучува податоци од Varieties of Democracy Project (V-Dem).
За Транспаренси Интернешнл
Транспаренси Интернешнл повеќе од 25 години е глобална водечка невладина организација во борбата против корупцијата. Придружи се на: transparency.org.
За Индексот за перцепција на корупцијата
Од создавањето во 1995 година, Индексот за перцепција на корупцијата стана водечки глобален индикатор за корупцијата во јавниот сектор. Во 2012 година, Транспаренси Интернешнл ја промени методологијата што се користи во создавањето на индексот за да може да овозможи споредба на резултатите од една со друга година. За повеќе информации, посетете www.transparency.org/research/cpi.