Проект: Промоција на заеднички вредности низ Европа
Имплементиран од: Транпаренси Интернешнл- Македонија, Транспаренси Интернешнл- Унгарија, Асоцијација Експертски Форум од Романија и Косовскиот Демократски Институт
Кратки информации за проектот
Основната цел на проектот е да се промовираат европските вредности како што се владеењето на правото, демократија, транспарентност, слобода на медиумите еднаквост и солидарност помеѓу Истoчно-европски земји и кандидатските земји. Дополнително на тоа проектот ќе се обиде да ја поттикне вклученоста на граѓаните и нивно вклучување во демократските процеси на локално, национално и меѓународно ниво.
Во рамките на проектот, Транспаренси Интернешнл- Македонија организира:
Промотивен настан, 21 октомври 2020 година
Овој настан има за цел цел да ги запознае учесниците со целите и активностите на проектот и промовирање на европските вредности.
Во прилог е дадена агендата за настанот. agenda_21102020 410.91 Kb
Регистрација за настанот:
План на активности
Проектните активности се состојат од три дела: настани кои трансферираат и промовираат европски вредности помеѓу учесниците, да се прошири нивното знаење за ЕУ како: промотивни настани, онлајн работилници, тури, завршна церемонија; 2) настани со граѓанско учество: јавни дебати, натпревар за билборди/ фотографии/ видеа/ есеи и онлајн истражување за односот кон ЕУ, каде учесниците може активно да земат учество, да креираат и мислат за европските вредности, иднината на ЕУ, предизвиците и да понудат решенија; 3) активности и производи кои ќе го зголемат меѓунационалното ниво на проектот и ќе го промовираат проектот и ќе придонесат кон ширење на резултатите.
Проектот: “Промовирање на заеднички вредности низ Европа“, е поддржан од Европската Унија преку програмата ,,Европа за граѓаните“.