Мисија

Главна цел на програмата за работа на здружението на граѓани „Транспаренси Интернешнл – Македонија“е да се воспостави систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата- која би се имплементирала низ следниве активности:

  • Анализа на националната легистлатва, компаративна анализа и препораки
    (реализација преку семинари и експертски препораки);
  • Мониторинг на имплементацијата на анти- корупциските закони и измени во легистлативата (експертска група ќе биде задолжена за развивање на ефикасни индикатори, собирање на емпириски податоци,анализа и посочување на препораки);
  • Анализа за системот на национален интегритет на Република македонија преку анализа на анти-корупциските столбови. Споредба ќе се прави со периодот од 2016 година (4 години);
  • Спроведување на проектот Култура на Законот наспроти корупцијата.Активностите во соработка со невладините организации од повеќе сфери, во повеќе градови, во рамки на кои ќе се разговара за владеењето правото и почитување на законите , како предуслов за ефикасна борба против корупцијата;
  • Воведување на анти- корупциска програма во основните училишта во соработка со Министерството за образование;
  • Имплементација на Декларацијата„0“- Толеранција за корупцијата;
  • Корпоративно управување и развивање на етички кодекс за приватниот сектор;
  • Мониторинг над имплементирањето на анти- корупциските стратегии и меѓународни стандарди;
  • Мерките за превенција и контрола над можностите за корупција во сферата на медиумите како иДруги проекти во врска со владеењето на правото и доброто управување кои ќе произлезат од актуелните активности во оваа сфера.

Други проекти во врска со владеењето на правото и доброто управување кои ќе произлезат од актуелните активности во оваа сфера.