Проект: Промовирање на активно учество на граѓаните за борба против корупцијата во Југоисточна Европа
Период на имплементација: јули 2022 – јуни 2024
Донатор: Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Амбасадата на Франција во Северна Македонија и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Проектот се спроведува од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл во Берлин во соработка со ограноците на Транспаренси Интернешнл во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија и партнерската организација MANS од Црна Гора.
Главната цел на проектот е поддршка на граѓаните во БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија да учествуваат во борбата против корупцијата преку подобрување на квалитетот на демократското владеење во Југоисточна Европа.
Конкретно, проектот се фокусира на следните цели:
- Зајакнување на жртвите и сведоците на корупција за барање правда во врска со нивните проблеми
- Подобрување на легислативата во законодавството и институционалните механизми на национално и регионално ниво
Очекувани резултати:
- Правно советување и поддршка на сведоци и жртви на корупција вклучувајќи и укажувачи
- Кампањи за подигнување на јавната свест и промоција за Центарот за правно советување
- Стратешко застапување на правни, административни и институционални системски подобрувања во борбата против корупцијата
- Иницијативи за застапување за подобрување на подобрена национална легислатива за заштита на укажувачите во насока на усогласеност со ЕУ Директивата за заштита на укажувачи
Активности:
- Примање и безбедно процесирање на пријави од граѓани
- Давање на совети и поддршка на клиентите во нивните постапки за спротивставување со неправилности и корупција
- Примена и употреба на GlobaLeaks платформата за безбедно и анонимно поднесување на пријави од укажувачи и останати граѓани
- Примена и употреба на безбеден систем за внес на предмети (Salesforce), и анализа на пријавите со цел да се идентификуваат системски слабости во високи области на корупција (анализа на ризици од корупција)
- Поддршка и советување на граѓаните во судски постапки кога е возможно
- Правно советување и контактирање на институции како што е обвинителството коишто се релевантни за предметите
1.2.1. Изработка и дисеминација на промотивен материјал во врска со услугите на Центарот за правни совети (ALAC)
1.2.2. Јавна промоција на услугите на ALAC вклучувајќи и информирање на носителите на одлуки и пошироката јавност преку медиумите
1.2.3. Обезбедување на техничка поддршка и тренинг за Центрите за правни совети (ALAC) за системите за внес на предмети и методи за анализа на ризици од корупција
2.1.1. Идентификација на области со ризици од корупција
2.1.2. Изработка и дисеминација на препораки за политики
2.1.3. Градење на соработка со државни тела и останати релевантни области во општеството
2.1.4. Поддршка при поднесоци на официјални документи до институции
2.1.5. Градење на партнерства со државни институции
2.2.1. Организирање на заеднички проектни состаноци/вебинари со ТИ-ограноците во ЕУ за споделување и размена на знаење и искуста со застапување за легислатива за укажувачи и најдобри практики
2.2.3. Кампањи за промовирање на значењето на укажувањето за зајакната легислатива и заштита на укажувачите и промовирање на Центрите за правни совети
2.2.4. Развивање на препораки за реформи во националната легислатива за усогласување со ЕУ Директивата за заштита на укажувачи и примена на најдобри практики од регионот за подобрена легислатива во оваа област
2.2.5. Активности за застапување и комуникација за зајакната заштита на укажувачи во земјите од Југоисточна Европа
2.2.6. Градење на партнерства со значајни релевантни страни (на пример: граѓански организации, академски сектор, здруженија на новинари)