Период на имплементација: 01 март 2023- 28 февруари 2026

Донатор: Поддржан од Европска Унијa и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Цел

Предложената акција има за цел да ги зајакне граѓаните и актерите од граѓанското општество во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Турција да бараат одговорност од носители на политички функции за интегритетот на политичкото финансирање, донесувањето закони и распределбата на ресурсите. Зајакнатиот политички интегритет треба да поттикне повеќе јавни одлуки во согласност со општото добро.

Активности

Во рамките на Исход 1: државните органи, граѓанското општество и медиумите имаат подобрена способност  за откривање и спречување на ризици од политичка корупција користејќи отворени податоци, и поврзаниот резултат 1.1: база на податоци, контролни табли и алатки за означување на ризикот од корупција се развиени во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Турција, предвидени се следните активности:
– Определување на достапноста на податоците за политички интегритет и објавување домашни и регионални извештаи
– Консултации со Домашни советодавни групи и одлучување за дата бази за секоја платформа за следење на интегритетот
– Градење и (каде што е применливо) поврзување на базите на податоци
– Развивање на веб-платформи
– Развивање и вклучување на индикатори за ризик во платформите (каде што е применливо)

Резултат 1.2: Изградени се капацитетите на граѓанското општество, медиумите и надзорните агенции за откривање и спречување на ризици од политичка корупција. Овој резултат се заснова  на резултатите од мапирањето на локалните и регионалните граѓански организации и постоечкиот материјал за обука, како и проценката на потребите на граѓанските организации за градење капацитети што поглавјата Транспаренси Интернешнл во регионот веќе ги спроведоа во рамките на Проект ЦЕПИ (Граѓански ангажман за јавен интегритет) поддржан од ЕУ. Следните активности се планирани во рамките на овој резултат:
– Изготвување материјали за обука (туторијали, наставни програми, водичи итн.)
– Организирање работилници за обука и состаноци за користење на платформите и податоците за следење на интегритетот
– Ангажирање на потенцијални и целни корисници преку партиципативни работилници, истраги или хакатони

Во рамките на Исходот 2: зголемена домашна и прекугранична размена меѓу релевантните чинители во државните власти, граѓанското општество и медиумите за откривање, спречување и борба против политичката корупција и поврзаниот резултат 2.1: идентификувани се најдобри практики и алатки кои придонесуваат за спречување на политичката корупција, предвидени се следните активности:
– Објавување извештаи за важечките правни акти за политички интегритет (закони, подзаконски акти, правила) и нивна имплементација (споредувајќи со достапноста на податоците анализирани во 1.1.1)
– Следење на напредокот на релевантните регулативи за политички интегритет и достапноста на податоците во текот на спроведувањето на проектот и објавувањето на наодите (каде што е применливо)

Во рамките на Резултат 2.2: Регионалната заедница на практики (РЗГ) споделува лекции и најдобри практики и го поддржува застапувањето за подобри стандарди за откривање и спречување на ризици од политичка корупција; планирани се овие активности:
– Формирање домашни советодавни групи (ДСГ) за секој проектен партнер со учество од јавните власти, граѓанското општество, медиумите и академската заедница
– Свикување на членовите на ДСГ од сите корисници во Регионалната заедница на практики
– Организирање онлајн и лични состаноци на РЗГ
– Спроведување билатерални регионални размени меѓу членовите на ДСГ
– Спроведување иницијативи за стратешка комуникација и застапување, вклучително и меѓурегионални, за конкретни случаи на корупција и зајакнати стандарди за податоци за политички интегритет и управување
– Избор и под-грантирање на локални и/или прекугранични партнери на ГО за поддршка на акции за застапување за вклучување на граѓаните и подигање на свеста