Период на имплементација: 01 јануари 2024- 31 декември 2025
Донатор: Поддржан од регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Цел
Воспоставување на систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата и општество кое има нулта толеранција за корупција.
Активности
Дадената цел ќе биде постигната низ активности кои ќе придонесат кон подобрување на борбата против корупцијата. Канцеларијата за правни совети преку пријавите од граѓаните ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на граѓаните да препознаат што е корупција и истата да ја пријават. Преку овие пријави се детектираат и правните и институционалните ризици од корупција. Анализата на правната рамка има за цел да ги детектира ризиците од корупција и да даде решенија за надминување на истите. Преку оваа канцеларија ќе се детектираат и ризиците од корупција во областа на животната средина. Тимот активно ќе работи и на подобрување на практичната примена на Законот за заштита на укажувачи.
Ќе се подготват и датабази кои ќе придонесат во борбата против корупцијата. Ќе се креираат дата бази со податоци за политичкото финансирање, јавните набавки и доделените концесии за истражување на минерални добра. Преку овие дата бази се очекува подобрена способност за откривање и спречување на ризици од политичка корупција користејќи отворени податоци кај државните органи, граѓанското општество и медиумите.
Корисници
Корисници како организациски така и на проектот се македонските институции, граѓаните, граѓанските организации, медиумите и сите релевантни чинители во борбата против корупцијата.