Наградата на „Transparency International” ги препознава интернационалните антикорпциските лидери и коренити активисти
По пензионирањето во 1984 година , Ле Хиен Дук, виетнамска учителка, стана истакнат антикорупциски борец со поднесување жалби и преку помагање на своите сограѓани да се спротистават на ситниот поткуп и големата корупција. Нејзиниот респект кон власта завршува онаму кадешто почнува корупцијата. Дук им влезе во трага на службеници од ниски и високи нивоа на различни начини, дома или во канцеларија, со цел да осигура дека тие не можат да ги игнорираат жртвите на корупција кои ги бараат своите права. И покрај многуте закани, таа даде надеж и храброст за запирање на прифаќањето на корупцијата.
Предупредување за рана смрт е доставено на нејзината врата во форма на празен кофчег, но оваа 75 годишна жена е полна со антикорупциска енергија. Без оглед на тоа дали станува збор за сомнение за корупција во школскиот системм, или поткуп на крајпатната полиција, Дук не се повлекува се додека интересите на оние кои се подложени на корупција, не се исполната на правичен начин.
„Правдината најчесто бара упорност и одбивањето на г-ѓа Дук да ја прифати индиферентноста како одговор претставува инспирација и поставува пример за секој којшто се справувал со корупцијата“ рече Сион Асидон, претседател на Комитетот за Наградата за интегритет.
Марк Пиет, професор по кривично право и криминологија на Универзитетот во Базел, во својата родна Швајцарија обебеди исклучително лидерство во борбата со корупцијата на интернационален план. Проф. Пиет се спротистави на корупцијата не само како ко- основач на Базелскиот Институт за управување, туку и како претседател на Работната група на OECD за корупцијата во интернационалните бизнис трансакции и како член на Комитетот за независна истрага за програмата „Нафта за храна“ на ОН. Неговата волја јавно да ги критикува владите коишто не успеваат да ја имплементираат Антикорупциската конвенција на OECD и оние кои не обезбедуваат доволна поддршка за идентификување на компаниите кои плаќаат поткуп во скандалот нафта за храна,е за восхит.
Моќните влади се обидеа да ја сопрат неговата критика, а тој ги издржа обидите да го одстранат од антикорупциската група на OECD. Проф.Пиет го задржа своето стојалиште и никогаш не застана , останувајќи отворен за потребата од имплементирање на антикорупциските правила во земијите кои се обврзале на нив. Обезбедувањето на стопирање на странскиот поткуп, перењето пари и други поврзани активности на корупцијата беше суштинска определба на проф.Пиет повеќе од 19 години.
„Неговата критика е секогаш заснована на законот и верувањето дека поткупот не е начин за спроведување на бизнисот било каде во светот. Без него, ниту Конвенцијата на OECD, ниту мониторингот на имплементацијата не ќе беше реалност. Законските документи имаат потреба од луѓе како што е проф. Пиет за да ги оживеат, да ги направат реалност и да го ослободат светот од корупција“ рече Асидон.
Сега во својата шеста година, Наградата за интегритетим оддаде почит на индивидуи и организации од Азија и Африка, Европа, Латинска Америка, и Средниот Исток. Ова вклучуваше новинари, јавни обвинители, сметководители и владини функционери заедно со лидери на граѓанските општества.
Комитетот за Наградата за интегритет на ТI е составен од 11 индивидуи од целиот свет кои се активни во антикорупциското движење многу години. Тие претставуваат жири за наградата и се советуваат со Бордот на директори на ТI. Номинациите се прифатени за индивидуи или организации и се подложени на независна контрола под водството на Комитетот за Наградата за интегритет.