25.02.2009 „Транспарентност – Нулта Корупција” е невладина организација чија главна определба е борбата против корупцијата и почитувањето на принципите за владеење на правото и транспарентното, одговорно и отчетно однесување на сите одговорни учесници во процесите кои се одвиваат во Република Македонија.
Во изминатите неколку години постојано бевме вклучени во активно следење на процесите за трансформација и приватизација на електро енергетскиот сектор. Во текот на минатата и оваа година со внимание ја следиме активностите на постапување на тендерот за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште на реката Црна.
Нашата цел не е да се загрозат инвестициите во Република Македонија или да се попречи натамошниот развој на неопходните енергетски ресурси. Напротив, нашата цел е да ги поддржиме сите овие процеси, но со силна заложба за нивно реализирање на начин што ќе обезбеди највисок степен на транспарентност, објективно информирање, а со тоа и заштита на интересите на граѓаните во Р Македонија.
Со оглед на тоа дека голем дел од работите и актуелните случувања во врска со овој тендер се спомнуваат и во овој документ, Ви го испраќаме на разгледување.
Прилог: Резиме од јавната дебата за изградбата на хидроцентралите “Чебрен“ и “Галиште“ – оддржана на 18.06.2008
rezime_javna_debata_-_chebren_i_galishte 156.63 Kb