10.05.2009 Опасноста Македонија да заврши на меѓународен суд и евентуално да биде принудена да плати милионска отштета, поради тужбата што ја најави австриски ЕВН, е најматен настан во април.Овој случај доби 11 гласа во анкетата „Бистро – Матно” на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција”, во која учествуваа 17 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија.
Откако го загуби случајот со „ОКТА“, Македонија повторно е соочена со странска арбитража поради приватизациска зделка. ЕВН соопшти дека ќе тужи поради пресудата да плати околу 200 милиони евра на државната компанија за производство на струја ЕЛЕМ, за ненаплатени долгови од потрошувачите од 1995 до 2004.
Дистрибутивната компанија тврди дека македонската влада во купопродажниот договор гарантирала оти не постои таква обврска кон ЕЛЕМ. Повеќе амбасади го набљудуваа судскиот процес во Скопје и за неправилностите ги информираа македонските власти. Случајот од аспект на судските реформи и исполнување на економските критериуми го следи и Европската унија.
На второто место со по три „матни“ гласа се притисокот врз новинарите и непочитување на Уставниот суд. Здружението на новинарите на Македонија минатиот месец реагираше по повод донесување пресуди против новинари, без да се почитува процедурата. Против новинарите се водат стотици судски процеси и се изрекуваат астрономски парични казни.
Одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во училиштата предизвика бурна реакција кај дел од јавноста, која бара предметот да се врати. Некои од протестите се одржуваа пред самиот Суд, иако групите што ја поддржуваат веронауката тврдеа дека не вршат притисок врз судството. Запрепастеност од јавно изразениот бес од страна на одредени верски водачи и политичари, против одлуката на Судот изрази и Специјалниот известувач на ОН за слобода вероисповед или убедување, Асма Џахангир.
Во анкетата за април не беше направен избор на бистри настани.
Во анкетата „Бистро – Матно” за април учествуваа телевизиите: А1, Алсат, Канал 5, Телма, Наша ТВ, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Време, Дневник, Лајм, Нова Македонија, Утрински весник, неделниците Глобус, Фокус и Форум и електронското издание на Лоби.