Ова е изборот на главните уредници на печатени и електронски медиуми во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“. Во анкетата учествуваа 19 главни уредници, од кои 11 се определија за владините кампањи.
Според извештајот на Државниот завод за ревизија, објавен во октомври, Владата лани дури 49 отсто од својот буџет потрошила за кампањи и реклами. Заводот за ревизијата соопшти и за проблематични јавни набавки и вработувања по принципот на правична застапеност на заедниците, како и за ненаменски трансфери до невладини организации.
На второ место, со четири „матни“ гласа, е зголемениот тренд на поништување на постапките за јавни набавки. На конкурсите учествувале доволен број фирми-понудувачи, што фрла сомнеж врз мотивите за поништувањето.
На трето место на листата на матни настани се тројцата штипски полицајци, кои завршија во притвор, поради незаконско апсење и изнуда на 8.000 евра од едно лице.
Најбистар настан во октомври со 11 гласа е менувањето на правилниците на Судскиот совет, кои се однесуваат на дисциплинска постапка против судиите и за утврдување нестручно и несовесно работење.
Сега судиите кои нестручно работеле и не мора да се појавуваат на седниците на судскиот Совет. Со ова се дава можност да се одржи расправата и во отсуство на судијата, со тоа што му се остава право да доколку тој биде спречен по било кој основ, да може да постави свој бранител
Шест „бистри“ гласа доби апсењето на советник во Министерството за одбрана за поткуп. Службеникот неправосилно е осуден на една година затвор.
Двајца учесници не гласаа за ниту еден „бистар“, а еден не одбра „матен“ настан.
Во анкетата „Бистро – Матно“ учествуваа телевизиите, А1, Алсат, Алфа, Канал 5, Телма, Сител, Наша ТВ, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Вечер, Време, Лајм, Нова Македонија, Утрински весник и неделниците Глобус, Капитал, Фокус и Форум.
Анкетата „Бистро – Матно“ како дел од борбата против корупцијата се спроведува од декември 2004 година
.