05.12.2012 Меѓународните негодувања против коруптираните влади, присили неколку лидери да заминат од функцијата, но како што се рачисти прашината околу тоа, стана очигледно дека нивоата на поткуп, злоупотреба на сила и тајни договори се сеуште многу високи во многу земји. Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интереншнл во 2012 покажува дека корупцијата продолжува да ги пустоши општествата низ светот.
Две третини од 176 рангирани земји во индексот на 2012 имаат оцена под 50, на скала од 0(преставува високо коруптирани) до 100(се сметаат за многу чисти), покажува дека јавните институции треба да бидат по транспарентни како и официјални владини функционери да бидат по одговорни.
Република Македонија се наоѓа на 69 место со вкупно 43 поени, со што повторно се вброи во групата држави кои имаат оцена под 50. Споредено со државите во регионот Република Македонија е подобро рангирана од Босна и Херцеговина, Црна гора, Бугарија, Србија и Грција, Косово и Албанија.
prezentacija_cpi_2012 623.24 Kb
cesto_postavuvani_prasanja 115.10 Kb
azurirana_metodologija 91.81 Kb
kratka_beleshka_za_metodologijata 60.97 Kb
beleshka_na_tehnicka_metodologija 71.61 Kb
Постигнатите 43 поени се во рамки на просечниот резултат на сите рангирани држави и претставуваат сериозен индикатор дека Република Македонија треба да ги зајакне активностите на планот на борба пшротив корупцијата, особено во најчувствителните секотри, како што се судството и политиката, кои треба да бидат гарант за демократијата и владеењето на правото и да обезбедат услови за развој и напредок.
“ Владите треба да ги интегираат своите анти-коруптивни мерки во сите јавни политики на одлучување. Приоритетите вклучуваат подобри правила на лобирање и политичко финансирање, правејќи го јавното трошење и договарање повеќе транспарентно како и поголема одговорност на јавни институции кон граѓаните ,“ изјави Хјуџит Лабел, Претседател на Transparency International.
“ По една година фокус на корупција, ние очекуваме владите да превземат поцврст став против злоупотребата на моќта. Резултатите на Индексот на перцепција на корупција 2012, демонстрираат дека општествата продолжуваат да плаќаат висока цена од корупцијата” изјави Лабел.
Повеќето од земјите каде граѓаните ги предизвикуваат нивните лидери да ја сопрат корупцијата- од Среден Исток, Азија до Европа – видлива е нивната стагнација или влошена позиција.
Индекс на перцепција на корупција 2012: Резултати
Во Индексот на перцепција на корупција 2012, Данска, Финска и Нов Зеланд делат прво место со оцена 90, со помош на силниот пристап до информациските системи и правила со кои се регулира однесувањето на лицата кои се на јавни функции.
Афганистан, Северна Кореја и Сомалија повторно се на дното на листата на индексот. Во овие земји недостаток на одговорни лидерства и ефективни јавни институции , ја нагласува потребата да се земе многу посилен став против корупцијата.
Под нивото на своите перформанси во Индексот на перцепција на корупцијата 2012 се вклучени и земјите од Еврозоната, кои беа дирекно погодени од финансиската и економската криза. Транспаренси Интернешнл постојано ја предупредуваше Европа за справување со ризиците на корупција во јавниот сектор за да се справи соодветно со финансиските криза, повикувајќи на зајакнати напори за докажување на корупцијата во јавните институции.
“Корупцијата е најмногу зборуван проблем” изјави Кобус де Свардт, Директор на Transparency International. Водечките економии во светот треба да преставуваат пример, да обезбедат одговорност на нивните институции и нивните лидери. Ова е од клучно значење, бидејќи нивните институции играат значајна улога во спречувањето на корупцијата на глобално ниво ", рече де Свардт.
Позадина
Оваа година Транспаренси Интернешнал ја обнови методологијата на Индекс на перцепција на корупцијата за 2012 година. За да ја одрази оваа перцепција на Индексот на корупцијата е претставен на скала од 0 (високо корумпирани) до 100 (многу чисти).
Транспаренси Интернешнл е глобална граѓанска организација лидер во борбата против корупцијата.