Проф. Д-р Слаѓана Тасева, Претседател на ТИ-М истакна дека особено е значајно да се охрабрат граѓаните да пријавуваа случаи на корупција. Но исто така го потенцираше и фактот дека само со меѓусебна поддршка, заеднички, може да се постигнат напредок во борбата против корупцијата, а со самото тоа и да се овозможи владеењето на правото и развојот на демократијата.
На работилницата беа презентирани постигнатите резултати и активностите кои ги превзема ТИ-М на национално и на регионално ниво, со посебен осврт и презентација на конкретни случаи по кои канцеларијата во Тетово има постапувано.

Бројните присутните учесници, претставници од Општина Тетово и Јегуновце, повеќе јавни институции, невладини организации, судии, адвокати, јавни обвинители, како и граѓани имаа можност активно да се вклучат во дискусијата притоа говорејќи за проблемите на локално ниво со кои секојдневно се соочуваат.