Транспаренси Интернешнл-Македонија на почетокот на 2024 година го објави извештајот: „Национален систем за интегритет на Северна Македонија”, којшто беше изработен во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.
Извештајот содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на државата во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата.
Државниот завод за ревизија е најдобро оценет столб во рамки на извештајот, со вкупна оцена 86.
- Владата треба да го следи барањето на ДЗР да ја вклучи независноста на ДЗР во Уставот
- Владата треба да воведе законски рокови за навремена контрола и објава на годишните извештаи на ДЗР
- ДЗР треба да ги пополни систематизираните работни места
- ДЗР треба да го направи механизмот за следење на спроведувањето на препораките дадени од ДЗР јавно достапен.
Линк до извештајот на англиски јазик: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/01/national.integrity.system.assessment.2023-4.pdf