Како и секогаш, проблемите во судствотот се топ тема кое го засега нашето општество. Току ова беше и темата на емисијата „За или против“ во која учествуваше Претседателот на Транспаренси Интернешнл- Македонија, г-дин Благоја Пандовски. Во текот на емисијата се говореше за судски пресуди кои имаат елементи на политичка корупција, реформи во правосудството, борбата против корупцијата, измените на законите и дурги теми кои се од голем интерес за унапредување на владеењето на правото.
Г-дин Пандовски даде осврт на подготвениот Национален систем на интегритет кој опфаќа анализа на 15 столбови дел од целокупниот систен на борбата против корупцијата. Ја истакна важноста на постоење интегритет и одговорност кај институциите за да имаме ефективна имплементација на антикорупциските политики.
Измените на законите е секако составен дел од унапредување на политиките во државата. Брзото донесување на измените на законите и недоволно транспарентниот процес и вклученост на повеќе засегнати страни е од исклучитлено значење за да го подигнеме нивото на подготвеност во борбата против корупцијата. Секако и неповолниот резултат на Индексот за перцепција на корупција го покажува ова.
Г-дин Пандовски го најави и објавувањето на новото издание на овој Индексот за перцепција на корупцијата на 11-ти февруари 2025 година.
Неизбежен дел од темите за разговор беа секако и случувањата на Судскиот совет. Со назначувањето на новиот Претседател на ова тело се ичекува и стабилизирање на состојбите и унапредување на работата и во овој дел. Секако организацијата ќе ги следи сите новости и случувања во оваа област.