Скопје, 27-28 февруари 2025 – Институт за Демократија Косово – ТИ Косово и Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл во соработка со ТИ Босна и Херцеговина, ТИ Македонија, Транспарентност Србија и ТИ Турција организираа регионален состанок со членови на Регионалната заедница на практики (РЗП) во Скопје, на 27-28 февруари 2025 година. На состанокот се дискутираа поширок опсег на теми поврзани со политичкиот интегритет, вклучувајќи практики за објавување на пријави за имотна состојба и интереси, трансформативниот потенцијал на податоците за политичко финансирање и потребата за заштита на јавните тендери од недозволено влијание. Состанокот овозможи регионална размена помеѓу Транспаренси Интернешнл и претставници на надзорни агенции, истражувачки медиуми и други граѓански организации со комплементарни капацитети и потреби.
Учесниците на регионалниот состанок ги поставија следниве приоритети за идни иницијативи во регионот:
- Силна правна рамка за подобрување на квалитетот на податоците за изјави за имотна состојба и интереси, политичко финансирање и јавни набавки.
- Подобрување на ресурсите на владините агенции за зајакнување на нивните внатрешни капацитети за спроведување на правилата за објавување податоци од страна на јавни службеници, политички партии и компании кои склучуваат договори со јавни институции.
- Промоција на квалитетот на отворените податоци и интероперабилност во трите области: изјави за имотна состојба и интереси на јавни службеници, политичко финансирање и јавни договори.
- Користење на дигиталните платформи на Integrity Watch (IW) за промоција на отворени податоци и работа со носители на одлуки за зајакнување на политичката интегритет во регионот. Платформите на IW ќе бидат објавени наскоро.
Регионалната заедница на практики (РЗП) е уникатна неформална регионална платформа за соработка за дискусија на критични прашања кои го оневозможуваат политичкиот интегритет во регионот на Западен Балкан и Турција, и за заедничко барање иновативни стратегии за промоција на транспарентност во јавните институции и користење на отворени податоци за превенција на корупцијата во јавниот сектор. Таа ги обединува претставниците на јавните институции, граѓанските организации, истражувачки медиуми и академската заедница од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Турција во заеднички напори за промоција на добри пракси во областа на политичкиот интегритет на регионално ниво преку размена помеѓу колеги.
РЗП е основана како дел од проектот финансиран од ЕУ: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“ спроведуван од страна на акредитирани ограноци на Транспаренси Интернешнл во петте земји. Транспаренси Интернешнл е посветен на остварување на заеднички напори за спроведување на договорените приоритети за влијание на добри практики и зајакнување на политичката интегритет во регионот во консултација со Регионалната заедница на практики.