Правосудниот систем во секоја држава има централна улога во одржувањето на правдата и законскиот поредок. Во Македонија, како и во многу други земји, правосудството игра клучна улога во заштитата на правата на граѓаните, како и во борбата против корупцијата и криминалот. Меѓутоа, овој систем се соочува со сериозни предизвици кои влијаат на неговата ефикасност и интегритет. Проблемите во судството, Судскиот совет, обвинителството и Советот на јавни обвинители имаат значајни последици по функционирањето на правосудниот систем, но и по целокупната правична и демократска структура на државата. Еден од најголемите предизвици е корупцијата, која често се појавува како резултат на неефикасност слабости и недостиг на транспарентност во овие институции. Имено судската власт како една од трите власти кои го карактеризираат едно демократско општество треба да биде таа која ги дефинирира, утврдува и санкционира негативните појави во општеството, вклучувајќи ја и корупцијата како еден од најголемите проблеми на модерните општества.
Во ова истражување ќе се разгледаат проблемите со кои се соочуваат судството, Судскиот совет, обвинителството и Советот на јавни обвинители во Северна Македонија, како и нивните последици врз корупцијата во државата. Ќе се анализираат структурните и функционалните слабости, како и влијанието што тие го имаат врз правораздавањето, сузбивањето на криминалот и корупцијата и финално довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Целото истражување е достапно на следниот линк: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2025/03/problemite-vo-pravosudstvoto-i-posledicite-po-korupcijata.pdf