Во демократските системи политичките партии имаат важна улога. За нивното непречено функционирање се потребни финансиски средства. Партиите се финансираат од буџетски средства, и од приватни извори. Целта на јавното финансирање е партиите да се ослободат од влијанието на донаторите. Балансот, помеѓу јавното и приватното финансирање секоја држава го утврдува според своите услови. Со донесувањето на Законот за финансирање на политичките партии во 2004 година, во нашата држава за прв пат се регулира финансирање на политичките партии. Освен во овој закон, финансирањето на партиите и контролата на финансиското работење на партиите, е уредено и во повеќе други закони.
Целта на оваа анализа е да се даде реален приказ на законската рамка поврзана со финасирањето на партиите и да се утврдат недостатоци на истата, како и да се дадат клучни препораки за подобрување на законодавството, што треба да резултира со унапредувањето на транспарентност во оваа област, како и да се дадат клучни препораки за подобрување. Унапредување на законодавството, поврзано со финансирање на партиите, е важен предизвик со кој се соочува македонското општество кон јакнење на демократијата и владеење на правото.
Целата анализа може да ја прочитата на следниот линк:https://transparency.mk/wp-content/uploads/2025/03/predizvicite-za-unapreduvanje-na-transparentnost-vo-finansiranjeto-na-politichkite-partii-vo-severna-makedonija.pdf