Во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“ беше подготвен извештајот: „Оцена за регулативата за политички интегритет во Северна Македонија“. Во ова истражување се анализира пристапноста до отворени податоци кои осигуруваат политички интегритет. Системите кои овозможуваат отворени податоци се важни за да се проценат можните ризици од корупција и судир на интереси. Ова може да придонесе за подобрување на регулативата за политички интегритет и за подобар пристап до податоците за сите релевантни засегнати страни кои ќе помогнат да се бара одговорност од владите. Истражувањето содржи наоди за анкетните листови, судирот на интереси, пристапот до податоци поврзани со политичкото финансирање и доделување договори за јавни набавки и експлоатација на минералните суровини. Истражувањето ги оценува силните и слабите страни, достапноста на податоците и препораките за подобрувања.
Публикацијата може да се погледне на следниот линк: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2025/05/ocena_za_regulativata_za_politichki_integritet_vo_severna_makedonija.pdf
Методологијата за оваа процена се заснова на рамката за следење на интегритетот (Integrity Watch), развиена од Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл (ТИ-С). Таа е дизајнирана да ги оцени регулативите за политички интегритет во избраните земји, со посебен фокус на изјавите за имотната состојба и интереси, политичкото финансирање и јавните договори и лиценцирање. Целта е да се идентификуваат пропустите во регулативата, да се процени ефективноста на постојните рамки и да се обезбедат активни препораки за подобрување на транспарентноста и одговорноста.
Проектот е финансиски поддржан од Европска Унијa и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.