Превод на проектни материјали од англиски нa македонски јазик и симултан превод македонски/англиски јазик на настани
Наслов на проектот: „Empowering whistleblowers against corruption (EWAC)“
- Цел на проектот : Се зајакнува превенцијата, откривањето и решавањето на случаи на корупција во земјите кандидатки за членство во ЕУ — Молдавија, Црна Гора и Северна Македонија
2. Квалификации на добавувачот
- Докажано искуство во професионално преведување на проектни материјали и симултан превод на настани на содржини од македонски јазик на англиски јазик и обратно;
- Обезбедување на квалитет
- Преведувачот/агенцијата е одговорна за обезбедување на точен, јасен и културно сензитивен превод.
- Понуда
- Понудата треба да вклучува и портфолио на претходната работа и препораки;
- Финансиска понуда за превод треба да биде во МКД (цената треба да биде наведена по страна – со број на карактери (1.800).
- Финансиска понуда за симултан превод на настани по преведувач/работен час.
5.Критериуми
- Изборот на добавувач ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Изборот на најповолен добавувач ќе се прави според принципот “најдобра понудена вредност(квалитет) за дадена цена”.
- Добавувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договор за обезбедување на услуги (според Тековна состојба).
- Елементи на понудата
- Тековна состојба не постара од 6 месеци;
- Финансиска понуда за превод на материјали;
- Финансиска понуда за симултан превод на настани;
- Предложени преведувачи;
- Најмалку 3(три) договори или препораки за слични работни ангажмани на добавувачот.
- Начин на доставување на понудите
Целокупната скенирана документација се доставува на следната електронска адреса: job@transparency.mk
Краен рок за доставување на понудите: 22 август , 2025 година, 16:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени во предвид.
Проектот е поддржан од:





