На 12 декември 2025 во Прилеп беше организирана Обуката „Следење на јавните набавки на Општините“ наменета за претставници на граѓански организации, јавни институции, локални медиуми и заинтересирани граѓани од општините Прилеп и Крушево. Оваа обука ја организираше Finance Think- Институт за економски истражувања и политики во рамките на проектот „Отворени договори- Чесни заедници: Следење на локалните јавни набавки за интегритет“ Целта на обуката беше зголемување на знаењето за пристап до податоците за јавните набавки, начин на користење, клучни фази во постапката и критични точки и предизвици во јавните набавки. На оваа обука беше презентирана можноста за пребарување јавни набавки, разгледување на различните делови од оваа област, отворени податоци, спроведување на јавните набавки и други делови од интерес за присутните претставници на обуката. Главен обучувач на обуката беше Горан Давидовски, Помошник раководител од Бирото за јавни набавки.
Во рамки на оваа обука претставниците на ТИ- Македонија ја презентираа Integrity Watch Платформата- https://integritywatch.mk/?l=mk. Платформа е развиена во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“, финансиски поддржана од Европска Унијa и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Пред присутните ученици, беа претставени функционалностите на оваа платформа, нејзините составни делови и како податоците може да се филтираат, споредуваат и користат за детектирање на ризици од корупција. Презентирани беа посебните делови од Платформата, кои податоци ги содржи во рамките на трите дела: фианнсирање на политички партии, јавни набавки и експлоатација на минерални суровини и хидроелектрани.
Обуката даде можност за дискусија меѓу учесниците кои преку своите искуства споделија согледувања како може да се користи оваа платформа, кои податоци во иднина би можеле да се вклучат и како истата да биде споделена и провомирана до поголем број на корисници. Ова беше одлична можност за промоција на платформата и на локално ниво и со истата да се запознаат институции, граѓански организации и медиуми од овој региона на Македонија.





