На 5-ти февруари во организација на Здружението Асоцијација за демократска иницијатива се одржа форум на кој беа презентирани наодите од анализите на политичките партии, спроведени во рамки на проектот „Демократија водена од податоци: Следење на политичките партии за потранспарентна иднина“.
Во услови на ограничена транспарентност на политичките партии, недостапност на информации за нивното финансирање и недоволна внатрепартиска отчетност, неопходна е систематска анализа на јавно достапните податоци. Подготовката на документи за јавна политика овозможи продлабочено разбирање на клучните слабости во партиската транспарентност.
Во рамките на овој форум претставниците на ТИ- Македонија ја презентираа Integrity Watch Платформата- https://integritywatch.mk/?l=mk. Платформа е развиена во рамките на проектот: „Следење на интегритетот во Западен Балкан и Турција: граѓански организации во борбата против корупцијата со податоци за политичкиот интегритет“, финансиски поддржана од Европска Унијa и регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Пред присутните ученици, беа претставени функционалностите на оваа платформа, нејзините составни делови и како податоците може да се филтираат, споредуваат и користат за детектирање на ризици од корупција. Презентирани беа посебните делови од Платформата, кои податоци ги содржи во рамките на трите дела: фианнсирање на политички партии, јавни набавки и експлоатација на минерални суровини и хидроелектрани.
Обуката даде можност за дискусија меѓу учесниците кои преку своите искуства споделија согледувања како може да се користи оваа платформа, кои податоци во иднина би можеле да се вклучат и како истата да биде споделена и провомирана до поголем број на корисници. Ова беше одлична можност за промоција на платформата и на локално ниво и со истата да се запознаат институции, граѓански организации и медиуми од овој регион на Македонија.





