Претседателот Благоја Пандовски и Генералниот Секретар Методи Зајков на Транспаренси Интернешнл-Македонија остварија средба со Републичкиот Јавен Обвинител Ненад Савески.
На средбата стана збор за можностите за реализација на заеднички активности во насока на зајакнување на соработката од областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Притоа, Транспаренси Интернешнл-Македонија ги реафирмираше наодите од последното истражување на Системот за Национален Интегритет и ја нагласи потребата од соработка во имплементирање на систем за внатрешните и надворешните канали за заштитено пријавување на укажувачи.
Државниот обвинител Савески укажа на потребата од континуирана поддршка од невладините организации во активностите за јакнење на довербата во јавното обвинителство.




