ИЗВЕШТАИТЕ ЈА НАГЛАСУВААТ ,,ОРГАНИЗИРАНАТА КОРУПЦИЈА” ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН И ГО МЕРАТ НАПРЕДОКОТ ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА АНТИ-КОРУПЦИСКИ ЗАЛОЖБИ
Два нови извештаи објавени денес, се дел од серијата „Инфраструктура на интегритет“ на Глобалната иницијатива, кои го разгледуваат феноменот на „организирана корупција“ на Западен Балкан и го мерат напредокот во спроведување на анти-корупциски заложби кои владите во регионот ги дадоа во рамките на Берлински процес.
ЖЕНЕВА, Швајцарија – 3 мај 2021 година – На лондонскиот самит од Берлинскиот Процес во 2018 година, владите од Западен Балкан, се обврзаа дека ќе ја засилат битката против корупцијата. Колку навистина е таа успешна ? Новиот извештај на Глобалната Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК) насловен како Западен Балкан Анти-Корупциски монитор на заложби ги надгледува ветувањата кои беа дадени и го следи нивниот напредок и процс почнувајќи од 2019 година.
Извештајот, е предводен од граѓанскиот сектор, а е базиран на анализа обезбедена од страна на експерти за анти-корупција од шестте земји на Западен Балкан, кои испитуваа корупција и нејзиното влијание врз владеењето во секоја земја од регионот и ја разгледуваа анти-корупциските мерки, како и обиди на владите да се справат со корупција. Сето е едено од малкуте, ако не и единствено, сеопфатно оценување, на спроведувањето на заложбите не Берлинскиот процес од 2018 година.
„Битката со крупцијата е јасен приоритет на Европската Унија“ рече авторот Сунцана Роксандиќ која нотираше дека светската „корупција“ е спомената 88 пати во ЕУ 2020 Комуникација. „Битката со корупцијата е исто така приоритет на цивилното општество во Западен Балкан, со надеж дека за исто се залагаат и владите“ рече Роксандиќ.
Вториот извештај насловен како Политичка Економија на Организираната Корупција и Анти-Корупција се осврнува на факторите кои овозможиле организираниот криминал да цути во регионот и на импактот на овие појави. Извештајот посочува дека иако е направен значителен напредок во имплементирањето на анти-корупциската легислатива, во инситуциите и во нивните стратегии за делување, ефективниата употреба на овие мерки и тела честопати недостасува во пракса. Резултатот е состојба која извештајот ја именува како „организирана корупција“ – симбиоза на организиран криминал, криминални методи и корупција на високо ниво, која креира пукнатини во екосистемот кој овозможува заштита на тие кои имаат пристап до моќ.
„Организираната корупција не е само поврзана со системска незаконска финансиска корист туку е и уникато влијание во процесот на носење на одлуку но истовремено е и системско „поткупување“ и „ширење на влијание“ за социјална поддршка за да се остане или добие позиција на политичка и економска моќ “ објасни водечкиот автор на извештајот Углеша (Уги) Звекиќ.
Џон Пенросе британскиот пратеник и шампион на Обединетот Кралство во борбата против Анти-Корупциското заедно со Марк Шо Директорот на Глобланата Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал го поздравиja растечкиот фокус на Берлинскиот процес кон борбата против корупцијата и изразија надеж дека „овие извештаи ќе помогнат да се обезбедат информации за тековните и идните антикорупциски иницијативи, како што се Патоказот за нелегални финансии и борбата против корупцијата“. Тие посочија дека „овие извештаи даваат добра основа за систематско следење на исполнувањата од ветувањата за борба против корупцијата“. Ние веруваме дека соработката помеѓу граѓанското општество и владите, како и меѓународната соработка, ќе има нашиот оклоп против корупцијата “.
Извештајот посочува препораки за тоа како да се трансформира културата на криминалот и корупцијата во клима на интегритет за да се осигура дека законот е еднаков за сите. Клучот
ниту, пак, наодите на извештајот ќе бидат презентирани на панел дискусија преку Интернет на 6 мај во 14 часот. Извештаите ќе бидат презентирани од авторите Углеша (Уги) Звекиќ и Сунцана Роксандиќ, и тие ќе бидат коментирани од меѓународни експерти, проследени со разговори со публиката.
Контакт за прашања и одговори: Клаудио Линди claudio.landi@globalinitiative.net
Извештаите се достапни на следните линкови:
WB-corruption-ES.02.11-Macedonian
Infrastructure-of-integrity-24-GITOC
Infrastructure-of-integrity-34-GITOC
За глобалната иницијатива
Глобалната Иницијатива против Транснационален Организиран Криминал (ГИ-ТОК) е мрежа на професионалци кои работат на првите редови ви битката против нелегалната економија и криминалот. Преку глобалната мрежа на опсерватории на граѓанското општество за нелегалната економија, ние ги следиме трендовите и работиме на создавање докази за дејствување на јавните политики, дистрибуирајќи експертиза на нашата мрежа и катализирајќи мултисекторски и холистички одговори на цела низа видови на криминал. Со Фондот за отпорност на Глобалната Иницијатива, ги поддржуваме активистите на локалните невладини организации кои работат во области каде е опфатен криминалот кој ги поткопува безбедноста, сигурноста и животните шанси на луѓето.