Незаконитоста и судирот на интереси обелоденети но и понатаму опстојуваат, три месеци по објавување на Анализата. Ќе има ли реакција од надлежните институции по наодите на ТИ – М и на ДЗР, останува да се види.
Сепак, со оглед на тоа дека овој проблем опстојува на начин што покрај репутациската, нанесува и финансиска штета на државата и на лица кои се охрабриле да пријават незаконитост, ТИ – М продолжува со мониторингот и објавување на своите наоди
Транспаренси Интернешнл Македонија изминатиот период по спроведениот Мониторинг на постапката за избор на филмски проекти во рамки на Конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година во Агенцијата за филм за истиот изработи Анализа со укажувања за затекнатата состојба во моментот на извршувањето на мониторингот.